Software Development Intern

Дали си иновативна личност?

Дали се интересираш во IoT, Machine Learning, AR, VR, Photo/Video Processing?

Дали сакаш да работиш на прозвод кои има глобален и директен импакт во секојдневниот живот на корисникот?

Ние сме мал интернационален тим основан во Melbourne (AU). Нашата цел е да му овозможиме на нашите корисници повторно да ги доживеат своите спомени рефлектирани преку нивните фотографи и видеа.

Со постојано растечки глобален тим, сакаме да вработиме софтвер девелопмент практикант (part-time или full-time платена позиција), кој ќе може да учи и да ни помогне да ја оствариме нашата мисија.

Оваа позиција е сосема поинаква во споредба со било која друга понуда, каде нема да бидеш исфрустриран од амбигиозни или невозможни барања.

Наместо тоа, ќе имаш шанса да работиш со високо мотивиран и искусен технички и дизајн тим, кои ќе го почитуваат твојот талент, и можат да ти пружат поддршка во секој момент.

Како ќе бидеш успешен во позицијата:

       • добра комуникација

       • добри познавања во софтвер инжинеринг

       • добри познавања од барем еден програмски јазик (Java, JavaScript, Python)

       • ентузијазам, желба и добар пристап за учење (нов јазик, нова платформа, алгоритми)

       • добро познавање на англиски јазик

Бонус особини (но не клучен фактор):

       • претходно работно искуство

       • претходни слични проекти

       • искуство во Mobile Development (iOS, Android)

Една од бонус особините е тоа што можеш да работиш од својот дом, со 24/7 поддршка од нашиот тим (предноста на интернационален тим нели)

Ако мислиш дека си спремен за предизвикот, дека можеш лесно да се вклопиш и да бидеш значаен дел од нашиот тим, прати ни Cover Letter и CV ОДМА - pece@heycapsule.com

Made with in Melbourne